Нашата мисија
Нашата мисија е да им помогнеме на македонските возачи да имаат пристап до квалитетни додатоци за мотори и скутери кои инаку се тешко достапни или прескапи на нашиот пазар. Веруваме дека секој возач заслужува сигурност, удобност и стил — без непотребни трошоци и долго чекање.
Се стремиме да понудиме визир за буквално секој модел на мотор и скутер. Ако не постои готово решение, нашата задача е да го изнајдеме — затоа што веруваме дека секој проблем има свое решение кога постои вистинска посветеност.
Посебен дел од нашата мисија е посветен на Vespa заедницата. Со додатоците што ги нудиме сакаме да ги издвоиме Vesp-ите од многубројните реплики и копии на пазарот, но и да им помогнеме да бидат поистакнати и побезбедни во секојдневниот сообраќаен метеж.
Нашата мисија не е само продажба — туку унапредување на целокупното искуство на возење во Македонија, со квалитетни производи и брза испорака на производи по нарачка(недостапни на залиха), за помалку од еден месец.